Мучова брзопотезно во полуфиналето на УС Опен


Чешката тенисерка Каролина Мучова втора година по ред победи во полуфиналето на УС Опен, грен-слем турнирот во Њујорк, а во четвртфиналето беше подобра од Бразилката Беатриз Хадад Маија со 6-1, 6-4.

Во полуфиналето Мучова го чека победникот од мечот во кој се среќаваат светската тенисерка број еден, Полјачката Ига Швојнтек и Американката Џесика Пегула. Во второто полуфинале ќе играат Американката Ема Наваро и Белорусинката Арина Сабалена.

Мучова, моментално 52. тенисерка во светот, со тоа продолжи со одличните резултати на грен-слем турнирите. Покрај двете полуфиналиња на УС Опен, тука е и финалето на Ролан Гарос минатата година, како и полуфиналето на Австралија Опен во 2021 година.

Полуфиналето на Ролан Гарос против Бразилката Хадад Маија од минатата година останува најдобар резултат во нејзината кариера на еден од четирите најголеми турнири.

Мучова целосно доминираше во првиот сет, додека Хадад Маија пружи нешто подобар отпор во вториот дел, но и тоа беше премалку за дополнително да се искомплицира овој меч. Сѐ беше готово за еден час и 25 минути.

- Реклама -