Осимхен официјално во Галатасарај | NetPress


Актуелниот турски фудбалски шампион Галатасарај, во средата официјално објави дека го донеле нигерискиот напаѓач Виктор Џејмс Осимхен на позајмица до крајот на сезоната.

Осимен во турската Суперлига доаѓа како играч на Наполи, за кого не настапуваше оваа сезона. 25-годишниот Осимхен е во наполитанскиот клуб од 2020 година и беше прв стрелец на клубот. Пред две сезони, кога Наполи го освои шампионатот во италијанската Серија А, Осимхен беше најдобар стрелец во лигата со 26 гола на 32 натпревари.

Минатата сезона постигна 17 гола во Серија А, а вкупно за Наполи одигра 108 првенствени натпревари и постигна 65 гола.

Осимхен ја започна својата професионална кариера во германски Волфсбург, по што играше за белгиски Шарлроа и француски Лил пред да се пресели на југот на Италија. Како репрезентативец на Нигерија забележа 35 настапи со дури 21 гол.

Осимхен долго време изразуваше незадоволство од Наполи и постојано бараше можност да го напушти наполитанскиот клуб.

- Реклама -