Реал Мадрид и Анадолу Ефес во трка за потпис на охриѓанецот Џеди Осман


Реал Мадрид и дефинитивно тргнува по Џеди Осман откако овој кошаркар најави дека ќе се врати во Европа.

Имено на овој кошаркар му истече договорот со Сан Антонио и сака да остане во НБА, но засега нема ништо конкретно каде би ја продолжил својата кариера во најсилната лига во светот.

Исто така турскиот репрезентативец доби понуда од својот поранешен клуб Анадолу Ефес.

Новинарот Андреа Калцони, на социјалната мрежа „X“ објави дека кошаркарот роден во Охрид сериозно ја разгледува и оваа понуда

- Реклама -