Поточиња со аудиција за нови членови од 11 до 13 септември


За сите дечиња, кои се можеби идните музички ѕвезди на мини-детската естрада, можеби најомилените делови од годината им се месеците кога започнува лоцирањето на нови музички таленти за детскиот фестивал „Поточиња“.

Со голема радост и задоволство, организаторите најавуваат нов серијал од аудиции, кој ќе трае од 11ти до 13ти септември 2024 година, во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ (населба Аеродром), за прием на нови членови – учесници на новото фестивалско издание „Поточиња 2025“.

Идните Поточиња ќе биде потребно да отпеат една омилена песна по избор и притоа да понесат широка насмевка бидејќи мисијата на Поточиња е среќни, весели и безгрижни деца.

Аудицијата ќе се одржи во наведените три дена (11.-13.09.2024) во период од 18:00 до 19:00 часот, а самото пријавување се врши на лице место. Аудицијата е за деца на возраст од 5 до 10 години.

Додека новите Поточиња се подготвуваат за долгоочекуваната Аудиција, можат да се потсетат како изгледаше последното 21. издание. на фестивалот, кое дури седум пати ја исполни до последното место големата сала на Македонската Филхармонија:

Не ја пропуштајте можноста Вашето дете да стане дел од најубавата детска музичка приказна.

- Реклама -