Коко Гоф елиминирана од УС Опен


Американката Коко Гауф, третата светска тенисерка и бранителка на титулата на УС Опен, е елиминирана во осминафиналето на овој последен грен-слем турнир во сезоната.

Подобра од неа беше нејзината сонародничка Ема Наваро (ВТА-12.) со 6-3, 4-6, 6-3. Шеесет неизнудени грешки и 19 двојни грешки се статистиката која го запре Гоф во осминафиналето.

Покрај неа, во осминафиналето натпреварувањето го завршија и Русинот Андреј Рубљов, шестиот тенисер во светот и Норвежанецот Каспер Руд, осми на АТП рангирањето.

ТЕНИСЕРКИ – Осминафинале:

Пола Бадоса (Шпанија/ носител 26) – Јафан Ванг (Кина) 6-1, 6-2
Ема Наваро (САД/13) – Коко Гоф (САД/3) 6-3, 4-6, 6-3
Арина Сабаљенка (Белоусија/2) – Елизе Мертенс (Белгија/33) 6-2, 6-4
Женг Чинвен (Кина/7) – Дона Векиќ (Хрватска/24) 7-6 (2), 4-6, 6-2

ТЕНИСЕРИ – Осминафинале:

Тејлор Фриц (САД/12) – Каспер Руд (Норвешка/8) 3-6, 6-4, 6-3, 6-2
Григор Димитров (Бугаија/9) – Андреј Рубљов (Русија/6) 6-3, 7-6 (3), 1-6, 3-6, 6-3
Александар Зверев (Германија/4) – Брендон Накашима (САД) 3-6, 6-1, 6-2, 6-2
Френсис Тиафо (САД/20) – Алексеј Попирин (Австралија/28) 6-4, 7-6 (3), 2-6, 6-3

- Реклама -