,,Караула” во Кинотека на Македонија

Во среда на 18 септември во 20.00 часот во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан филмот ,,Караула”.

Караула е првиот филм по распадот на Југославија во чија продукција учествувале екипи од Србија, Македонија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина. Филмот е снимен според романот на Анте Томиќ, „Ништо не смее да нè изненади“ („Ništa nas ne smije iznenaditi“), алузија на паролата за концептот на постојана будност на Народната одбрана на Југославија од можна агресија однадвор.

Според дел од филмските критичари, КАРАУЛА е врв во творечкиот опус на Грлиќ.

Прочитајте и:  Недела на јапонски филм во Кинотека
- Реклама -