Илија Несторовски потпиша за Славен Белупо


Македонскиот фудбалски интерационалец Илија Несторовски се врати во Хрватска и потпиша договор со хрватскиот прволигаш Славен Белупо.

Несторовски осум години играше во Италија, го носеше дресот на Палермо, Удинезе и на Асколи, а претходно настапуваше во хрватскиот клуб Интер Запрешиќ.

Во последната сезона напаѓачот имаше 20 настапи за Асколи и постигна два гола.

- Реклама -