Ѓоковиќ се пласира во второто коло на УС oпен


Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ рано утрово го победи Раду Албот од Молдавија во првото коло на УС oпен со резултат 3:0, по сетови 6:2, 6:2 и 6:4.

Во меч што траеше 2 часа и 8 минути, 37-годишниот Србин имаше 8 асови, 10 двојни грешки и 6 освоени брејк топки од 16 шанси.

Ѓоковиќ во второто коло ќе игра со сонародникот Ласло Ѓере.

Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Њујорк изнесува 75 милиони долари.

- Реклама -