Кинезите го откажаa настапот на МЗТ Скопје на турнирот во Чонкинг


Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром, нема да настапи на турнирот во Кина.

Аеродромци ја известија македонската јавност дека екипата нема да отпатува за кинескиот град Чонкинг, каде од 29 август до први септември требаше да настапи на силниот меѓународен турнир.

„Неодамна, неочекувано, од организаторот добивме информација дека поради работи кои се надвор од нивна, а со тоа и од наша контрола, морале да ја ревидираат листата учесници и дека таа најверојатно ќе биде сведена само на тимови од нивната држава. Така барем ни беше кажано од нивна страна, со цел да се оправда прекршувањето на веќе потпишаниот договор. Ваквиот неочекуван потег дојде во лош момент за нашиот стручен штаб, кој целокупниот распоред пријателски средби го „врзаа“ токму со гостувањето во Кина, но едностано некогаш не се може ништо против т.н. „виша сила“. Тренерот Васко Атанасов и кошаркарите периодот го користат за напорни тренинзи, а во скоро време ќе биде објавена и ревидираната листа контролни мечеви, со напомена дека токму порди турнирот во Чонкинг пропуштивме низа пријателски средби против реномирани ривали надвор од Македонија“, велат од редовите на МЗТ Скопје.

- Реклама -