УЕФА ќе му додели посебно признание на Кристијано Роналдо


Кровната европска фудбалска асоцијација УЕФА објави дека ќе му додели специјална награда на Кристијано Роналдо за богатото наследство што го остави додека играше во Лигата на шампионите.

На Роналдо во четврток на жрепката за новата сезона на најпрестижното клупско натпреварување во Монако, наградата ќе му ја врачи лично претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Кристијано Роналдо е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите со 140 гола, седум сезони заврши како најдобар стрелец во натпреварувањето, во сезоната 2013/14. постигна 17 гола, што е најдобар учинок во една натпреварувачка зона, а пет пати го креваше победничкиот пехар (во 2008 година со Манчестер Јунајтед и во 2014, 2016, 2017 и 2018 година со Реал Мадрид).

- Реклама -