Кинеската комунистичка партија прво ја промовираше, а сега се обидува да ја забрани играта со карти „гуандан“

Играта со карти „гуандан“ е многу популарна помеѓу работниците во Кина, а Кинеската комунистичка партија сега се обидува да ја забрани, иако пред само неколку години ја промовираше, па дури и се обиде да ја заштити како културно богатство на земјата.

Кинеските државни медиуми минатата година ја промивираа играта „гуандан“ како начин за поголема социјална кохезија, а беа организирани и турнири. Кампања беше успешна и повеќе од 100 милиони луѓе во Кина почнаа да играат „гуандан“.

Меѓутоа, сега властите во Кина тврдат играта е лоша за општеството и се обидуваат да ја забранат. Причината за тоа е што, според нивните анализи, работниците имаат многу попасивен однос кон работата и не се толку продуктивни како порано.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

Дел од компаниите бараат од своите вработени да ги пријават своите колеги кои играат „гуандан“ за време паузата.

Според аналитичарите, владината кампањата е против секоја активност што промовира помали групи. Кинеските власти ги критикуваат и други хобија како голф, играње видеоигри на интернет и слично.

- Реклама -