Туристичко искуство: Сместувањето чини 100 евра на ден, но перење алишта се доплаќа

На интернет-просторот може да се сретнат безброј необични искуства од летувања, изнајмувања, сместувања… Така, еден корисник бил изненаден од натпис на машината за перење алишта во сместувањето што го плаќал не така евтино на хрватскиот отров Паг.

„Цената на сместувањето е 100 евра дневно, а машината за перење не е вклучена во таа цена. Односно, ако сакате да си ја перете облеката, тоа може да чини и осум евра. Меѓутоа, ако користете брзо перење, односно програма од 30 минути – ќе ве чини пет евра“, пишува туристот.

На фотографијата испратена до хрватски „Дневник“, се гледа несекојдневниот ценовник на којшто се гледа дека и поевтина „тарифа“ за перење од 15 минути – чини само три евра.

Прочитајте и:  Мицкоски - Пленковиќ: Имаше многу неправди кон Северна Македонија, созреа времето кога сето тоа треба да се респектира
- Реклама -