Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ верува дека Шпанецот Карлос Алкараз ќе го освои олимпиското злато повеќе пати.
-Кога го завршивме финалето на Олимпијадата во Париз, му кажав на Карлос дека сум му многу благодарен што ми дозволи да освојам злато. Веројатно тој ќе има околу три златни медали пред да се пензионира, изјави Ѓоковиќ, за „The Tennis Letter“.
На 4 август, Ѓоковиќ го победи Алкараз во финалето на Олимпијадата 2024 година во сингл со 2:0, 7:6 (7:3) и 7:6 (7:2).
Србинот првпат во кариерата го освои олимпиското злато.