Во Британија ќе биде одобрен лек кој ја забавува Алцхајмеровата болест

Lekanemab, првиот лек во историјата кој е пронајден за забавување на Алцхајмеровата болест, ќе биде одобрен за употреба во Велика Британија, пишува The Telegraph.

Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи (MHRA) се очекува денеска да даде одобрение за лек за кој е откриено дека го забавува когнитивниот пад кај заболените за 27 проценти. Лекот кој се дава на секои две недели преку интравенско капнување ќе може да се препишува приватно.

Но, за разлика од Велика Британија, Европската агенција за лекови минатиот месец одби да даде лиценца за лекот. Тие тврдеа дека потенцијалните несакани ефекти го надминуваат ефектот што лекот го има врз забавувањето на болеста. Еден од потенцијалните несакани ефекти е крварење во мозокот.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Некои од испитувањата покажаа дека Lekanemab, направен од јапонската фармацевтска компанија „Еисаи“, ги забавува раните фази на Алцхајмеровата болест. Ова е првиот напредок во лекувањето по речиси три децении, пишува британски The Telegraph.

- Реклама -