Павел: Украина да се прими во НАТО со привремени граници

Нема потреба да се очекува целосно воспоставување на контрола на Киев врз целата територија на Украина, земјата може да биде примена во НАТО со привремена административна граница, изјави чешкиот претседател Петр Павел.

– Мислам дека целосно воспоставување на украинска контрола врз целата територија на земјата не е неопходен услов за прием во НАТО. Ако има демаркација, ќе се воспостави барем административна граница и тогаш можеме да ја прифатиме таа граница како привремена и да ја прифатиме Украина во Алијансата со територијата што ќе ја контролира во тој момент, рече Павел во интервју за „Новинки“.

Според локалните медиуми, чешкиот претседател очекува Украина да преговара за мир со Русија во наредните години.

Прочитајте и:  Стано: Нападот со интерконтинентална ракета врз Украина е сигнал дека Путин не е подготвен за мир

Генералниот секретар на НАТО Столтенберг на 5 јули изрази надеж дека Украина ќе стане членка на Северноатлантската алијанса до 2034 година.

Москва соопшти дека влезот на Украина во НАТО е неприфатлив за Русија во која било форма.

- Реклама -