ВМРО-ДПМНЕ: Да се однесуваше Кривичен суд одговорно, принципиелно и морално, Рамадани ќе беше во затвор

Да се однесуваше Кривичен суд одговорно, принципиелно и морално, Рамадани ќе беше во затвор, а не избеган. Место да се засрамат, тие само докажуваат зошто и 2 посто рејтинг што го имаат им е премногу.

Наместо да ја префрлаат топката по инструкции на нивните ментори Заев и Ахмети личностите кои го пишуваат соопштението треба да размислат дали срамот кој го трпат да бидат поданици на најобични бандити, има цена и колкава е цената која тие, нивната репутација, репутацијата на чесните судии и државата ја плаќаат.

Голема штета за македонското судство е што насилството на малкумина политичари со влијание во судството го нарушува рејтингот и на повеќето чесни и одговорни судии кои совесно си ја вршат работата.

Наместо да прават копи пејст на соопштенија од СДС нека се замислат што прават и нека почнат да си ја работат работата одговорно или нека ги остават способните да работат, а тие кои го имаат киднапирано судството веќе 7 години да се повлечат и да си сносат одговорност.

Прочитајте и:  Митева: Кога ќе се создадат услови јавноста ќе биде информирана за решението за евроинтеграциите, нема да се држи во тајност

Треба да се запрашаат како е можно баш во овие 7 години рејтингот на судството да падне на 2 посто како што на СДС падна на 180 илјади гласови. Има паметни луѓе таму лесно е за сфаќање. Значи дека тоа што се случувало до сега не е добро и народот тоа го препознава. И од институција која не може да згреши, Кривичен суд се претвори во институција портпарол на ставовите на СДС и ДУИ.

Наша намера не е да се мешаме во работата на судството, но како и сите имаме право да коментираме и да носиме логични заклучоци кои и на малите деца им се јасни. Нема правда нема мир.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

- Реклама -