Москва: Украина уништи мост во руската област Курск, евакуацијата на населението е отежната

Украинските сили уништиле мост преку реката Сејм во Глушковскиот реон на руската област Курск, што ја отежнува евакуацијата на локалното население, јавува ТАСС, повикувајќи се на локален службеник од безбедносните структури.

Во Глушковскиот реон, каде живеат околу 20.000 луѓе, во тек е масовна евакуација поради неочекуваната украинска офанзива во Курската област.

„Потврдуваме дека противникот го нападнал мостот преку реката Сејм. Дел од Глушковскиот реон сега е отсечен за евакуација по копно“, изјави локалниот службеник.

Прочитајте и:  Мисајловски: Нов пакет помош за Украина наскоро на владина седница
- Реклама -