Над 600 Французи со околу 200 возила, дел од авантуристичкиот караван со “Пежо 205” вчера пристигнаа во Крива Паланка – единствен град-домаќин во државата на Europ’ Raid.
Културна размена со македонски фолклор и франкофонски хепенинг се одржа во дворот на ООУ “Св.Јоаким Крчовски”, во знак на почит кон нивната посета на “Градот на културата” и реализација на мисијата за меѓународна солидарност преку донирање училишна и спортска опрема, училишен прибор, спортски реквизити за франкофоните.
Младите Французи минуваат низ 20 Европски држави, меѓу кои и Северна Македонија, запознаваат различни култури и нации, а споделуваат исти вредности – преку јазикот што ги зближува и солидарноста што ветува дека младите се носители на подобро утре.
Настанот е дел ос “Кривопаланечко културно лето” во организација на “Крива Паланка – Град на културата”.
фото: НУ Центар за култура Крива Паланка