Русија соопшти дека поради нападот на Курск долгорочно ги паузира мировните преговори

Министерството за надворешни работи на Русија денеска соопшти дека поради украинските напади врз Курската област долгорочно ги паузира мировните преговори.

Специјалниот пратеник на руското МНР, Родион Мирошник истакна дека свесно е донесена одлуката за стопирање на мировните преговори.

– Дроновите напаѓаат или убиваат цивили за да сеат страв во граѓанското општество, да се создаде конфузија, незадоволство и да се обидат да предизвикаат некаков вид ферментација во руското општество. Обидот да се изврши терористички напад во насока Курск, употребата на нови методи, не тера да стискаме заби и да ги преземеме сите мерки да го казниме сторителот, да го казниме агресорот кој посегнува по нашиот народ, по нашите територии, посочи Мирошник.

Прочитајте и:  Дефектни гранатите за минофрлачи произведени во Украина, украинското МО ги истражува причините

Во меѓувреме, Руската национална гарда (Росгвардија) соопшти дека ја презела безбедноста на нуклеарната централа Курск.

– Активно се преземаат посебни мерки за спротивставување на беспилотните летала. Единиците на Росгвардија вршат извидување на теренот, го следат движењето на непријателот, ги идентификуваат скриените позиции на Вооружените сили на Украина, го адаптираат артилерискиот оган, спроведуваат далечинско минирање на позициите на украинските сили, се наведува во соопштението на Росгвардија.

- Реклама -