Абас: Иран би можел да одговори на Израел во следните неколку часа

Иран може да донесе одлука за тоа како ќе одговори на Израел во следните неколку часа, изјави палестинскиот претседател Махмуд Абас. Тој ја даде оваа изјава во интервју за првиот заменик-генерален директор на ТАСС, Михаил Гусман, при што нагласи дека „Палестина не сака војна“.

– Одлуката може да биде донесена во следните неколку дена, а можеби дури и во следните неколку часа“, рече Абас.

Прво, како Палестинци, ние сме против војна. На 7 октомври 2023 година официјално објавивме дека сме против војната и против убивањето на цивилни, жени и деца. Сè уште не можеме да предвидиме што ќе се случи, но можеме да се надеваме дека нема да дојде до ескалација, нема да има војна, чиишто последици тешко би можеле да се проценат, изјави Абас кој престојува во Москва, каде се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег

Претходно Иран најави одмазда против Израел по убиството на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханија во Техеран и на командантот на Хезболах, Фуад Шукр во Бејрут. Западните земји апелираат Иран да не се одмаздува за да се спречи натамошна ескалација на ситуацијата на Блискиот исток.

- Реклама -