Дерматолог откри: Ако сакате да го забавите стареењето, јадете ги овие 3 намирници!

Генетиката и начинот на живот играат значајна улога во тоа дали некој изгледа младешки, но важен фактор е и исхраната. Доколку сакате да имате мека кожа и блескав тен дури и во подоцнежните години од животот, јадете храна која го стимулира производството на колаген, а со тоа придонесува за здрав и сјаен изглед на кожата.

Дерматологот Аманда Дојл откри три намирници за кои вели дека можат да го забават стареењето:

Белки од јајца

Колагенот и другите амино киселини, кои се добри за кожата, природно се наоѓаат во белките од јајца, кои исто така имаат хранливи протеини.

– Колагенот е клучна компонента во спречувањето на брчките, а се верува дека овој природен внес на колаген од белките може да помогне во природната синтеза на колаген во организмот – објаснува дерматологот.

Тој додава дека колагенот од белките ја зголемува затегнатоста на кожата, ги намалува брчките околу очите и на лицето.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

– До седум јајца неделно можат да бидат одлични за кожата, а нема да му наштетат на здравјето на срцето – вели дерматологот.

Цреши

– Црешите содржат антиоксиданси и микронутриенти, како и витамини А и Ц, железо, фолна киселина и калциум. Антиоксидансите имаат силни својства против стареење, а витамините А и Ц докажано имаат фотозаштитни својства – истакнува дерматологот.

Овие фотозаштитни својства можат да помогнат да се заштити кожата од оштетување на сонцето.

Авокадо

- Реклама -