Протест на Албанците во Бујановац, бараат поголеми права

Во Бујановац денеска се одржа протест во организација на Националниот совет на Албанците (НСА), кој меѓу другото побара „запирање на пасивизацијата на адресите на живеалиштата на албанските граѓани“, како и нивно поголемо присуство во државните институции и фирми.

Претседателот на Советот, Невзад Лутфиу истакна дека албанската заедница се соочува и со проблем со нострификација на дипломите во Србија. Тој додаде дека протестите ќе продолжат.

Според него, од 24-те малцински заедници во Србија, Албанците се во најлоша позиција и побара меѓународната заедница да ги разгледа нивните барања.

На собирот била прочитана и декларација со која се бара имплементација на договорот потпишан меѓу Владата на Србија и претставниците на Албанците, особено делот поврзан со нивната интеграција, пишува порталот Бујановчке.

Прочитајте и:  Литиумот нема да ѝ донесе на Србија попуст на патот кон ЕУ
- Реклама -