Кер: САД се единствен тим на светот чии навивачи би се срамеле со сребрен медал

Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Стив Кер зборуваше за притисокот врз тимот да се дојде до златнито медал на Олимписките игри.

Американците успеаја да триумфираат во Париз по тешките победи над Србија во полуфиналето и над Франција во финалето на Олимпијадата.

– Имаме неверојатни играчи. Сите беа несебични и не размислуваа за лични интереси и покрај сета врева, сиот притисок. Веројатно сме единствениот тим во светот чии навивачи би биле засрамени доколку нивните миленици освојат сребрен медал. Ова е притисокот со кој се соочуваме. Но, како што видовте, нашите играчи сакаат притисок. Ја ценеа атмосферата и одиграа фантастично“, изјави селекторот на тимот на САД.

Императивот Америкаците да дојдат до златото ќе биде уште поголем на следните олимписки игри на кои тие ќе бидат домаќини. Следната Олимпијада ќе се одржи во Лос Анџелес 2028 година.

- Реклама -