Дарио Ивановски: Трчав со повреда од шестиот километар


Дарио Ивановски стана првиот Македонец кој завршил еден маратон на Олимписки игри, успех кој секако е доволно голем без оглед на времето кое го оствари нашиот најдобар атлетичар.

За разлика од него, Ивановски и со мала повреда на ногата успеа да пристигне на финишот и да го развее македонското знаме, по што имаше и солзи радосници на лицето на македонскиот претставник на Олимпијадата во Париз.

„Почитувани Македонци, пред се сакам да ви се заблагодарам за огромната поддршка која ја имав во текот на овој маратон, но и пред оваа трка. Кога еден маратон ќе се заврши, тогаш се вели дека се завршил успешно. Да му се заблагодарам на Бог што влегов во маратонот жив и здрав, но сепак имав мала повреда на стапалото и коленото која ја влечев од шестиот километар.

Тоа ме оневозможи да го одржам темпото кое го наметнавме на стартот. Од петтиот кон шестиот километар почнав да ја влечам ногата и почнав да се мачам, но тоа е што е. Го дадов максимумот, сега следи перид на опоравување и фокус кон следните цели. Можеби сите, вклучувајќи ме и мене, имавме поголеми очекувања.

Јас верував дека можам подобро и се уште верувам во тоа. По времето 2:08 кое е мое најдобро и 2:28 денеска ќе се заклучи дека ми се случувало нешто на трката, а можам да кажам дека бев и подобро подготвен според тренинзите кои ги имав пред Париз. Се надевам дека на следната трка и на следните предизвици ќе го видите стариот Дарио, дури и подобар од тоа што бев. Се гледаме во наредни предизвици, ве сакам сите“, порача Ивановски.

- Реклама -