Скопјанец повреден од заталкан куршум во Чаир

Скопјанецот А.Д. (29) синоќа бил повреден од заталкано зрно од огнено оружје во фудбалски терен – балон на подрачјето на Чаир.

Како што се наведува во денешниот МВР-билтен, случајот бил пријавен синоќа во 22.51 часот во Полициската станица Чаир. Повредениот бил донесен на лекување во Поликлиниката Чаир.

– Полициски службеници излегле на местото на настанот и го подигнале зрното за понатамошна постапка, а на покривот од балонот било забележено оштетување од зрното. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението од МВР.

Прочитајте и:  Поведена постапка против началници и полициски службеници кои не санкционирале возач што возел со 272 км/ч (ВИДЕО)
- Реклама -