Најголемата дерби пресметка во аргентинското првенство меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата мина со несакани инциденти во кои животот го загубија и две лица од редарските служби задолжени за безбедноста на стадионот.
Често, Аргентинците и таквите трагедии, несвојствено за остатокот од светот, ги препишуваат на жарта со која се чека едно од најголемите фудбалски ривалства во светот. А, за жарот со кој навивачите им пристапуваат на натпреварите сведочи и видеото за тоа како го очекуваат дуелот со големиот противник.