Борачот Владимир Егоров против Индиец на турнирот на ОИ


Утре на Олимписките Игри во Париз ќе настапи и уште еден македонски претставник.

Владимир Егоров ќе ја претставува Македонија во категоријата до 57 килограми, а сега го дозна и својот противник.

Противник на Егоров во првото коло ќе биде Аман Шереват од Индија. Програмата на турнирот во борење утре започнува околу 11 часот, а Егоров би требало да настапи околу 12 часот.

- Реклама -