Петрушевски: Бајрами од СДС и ДУИ во само еден ден во ресторан потрошил 48.500 денари

Прес конференција на Бране Петрушевски пратеник во Собранието

Наим Бајрами, министер во МИОА од СДС и ДУИ немилосрдно ги трошел народните пари на скапи кафеани, за јадење и пиење.

Како што рековме вчера, денес објавуваме детали. Имено во само еден ден на 27.03.2024 година Наим Бајрами во ресторан Капри во Скопје потрошил  48.500 денари.

На сметката од 48.500 денари Бајрами покрај на други јадења потрошил над 10 илјади денари за пршута.

Кого се гоштевал Бајрами и како се трошени народните пари, кога за еден ручек се трошени по 2 минимални плати.

Бајрами во кафеана за 2 часа трошел пари колку што на едно просечно семејство му се потребни за да го помине цел месец.

Прочитајте и:  Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се хистерични

Аздисаното трошење на СДС и ДУИ и нивните министри како Наим Бајрами резултираше со ограбена држава.

Власта на СДС и ДУИ крадела на се, почнувајќи од скапи ручеци и илјадници евра од службени картици, завршувајќи со матни тендери.

За ограбената држава одговорност ќе има. Утре продолжуваме со нови детали за случајот со Наим Бајрами.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

- Реклама -