Новак Ѓоковиќ е олимписки шампион! Во големото финале во Париз, српскиот тенисер го надигра Карлос Алкараз со 7:6 (3), 7:6 (2).
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ конечно го освои златниот медал на Олимписките игри и ја дополни својата богата колекција.
Ова беа петти Олимписки игри во кариерата на Новак Ѓоковиќ и први во кои играше финале и го оствари сонот за златен медал, кој го чекаше дури 16 години.
По долга и изедначена битка, Ѓоковиќ за нијанси беше подобар, но во клучните моменти на мечот покажа непогрешлива брилијантност на што 21-годишниот Алкарас не можеше да одговори, иако тој во поголемиот дел од играта беше доминантен.
Како најстар финалист во историјата на олимпискиот турнир, денеска го победи најмладиот финалист – Карлос Алкараз, во борбата за најголемото одличје.
Со тоа ги има освоено сите 14 големи турнири најмалку по еднаш (Олимпијада, Гренд слем и Мастерс 1000 турнири) во кариерата. Покрај тоа го исполни и сонот за златен гренд слем кој досега го имаше остварено само Рафаел Надал (најмалку по еден трофеј од Олимпијада и 4-те гренд слем турнири, Вимблдон, Ролан Гарос, Австралија Опен и US Опен).
Со оваа победа, Новак Ѓоковиќ испиша историја и стана трет тенисер кој освоил трофеј на сите Грен слем турнири и стигнал до олимписко злато.