Алкараз со леснотија влезе во финалето на Олимписките игри


Карлос Алкараз исклучително лесно го победи Феликс Оже-Алиасиме во првото полуфинале на Олимписките игри.

По само еден час и 15 минути игра, на семафорот стоеше 6:1, 6:1, што му овозможи на Шпанецот да дојде до своето прво финале на Игрите.

Тоа беше негова четврта победа против Канаѓанецот во седум одиграни натпревари, а воедно и четврта во низа.

21-годишниот тенисер од Мурсија стана вториот најмлад тенисер кој некогаш стигнал до финалето на Олимписките игри, по Роберт Лерој во 1904 година.

За златото на терените на Ролан Гарос ќе се бори со подобриот од дуелот меѓу Ѓоковиќ и Музети.

- Реклама -