Еди Шерифовски загуби од фаворитот Шимид на ОИ


Македонскиот џудист, Еди Шерифовски загуби во својот прв настап на Олимписките игри, тој беше поразен од Бразилецот, Гиљерме Шимид во категоријата до 81 килограм.

Шерифовски добро ја почна борбата, беше активен, но не успеа да направи изненадување против далеку подобро рангираниот џудист од Бразил кој е и панамерикански шампион.

Македонскиот џудист мечот го загуби со ипон во текот на третата минута од мечот.

Шерифовски е трет македонски Олимпиец кој го заврши настапот во Париз, претходно учествуваа стрелачката Мојсовска и пливачот Ѓуретановиќ.

- Реклама -