ЕХФ ја одби жалбата на Драган Начевски, останува суспензијата од две години


Европската Ракометна Федерација ЕХФ ја одби жалбата на Драган Начевски по пресудата против него.

Начевски беше разрешен од функциите во Европската ракометна федерација, откако данската ТВ„ објави снимка на која се гледа како измислен кинески бизнисмен му нуди мито на Начевски.

Иако тој ја одбива понудата, сепак ЕХФ покрена постапка и одлучи да го суспендира од сите натпреварувања што се под нејзина капа.

Драган Начевски плати и 5.000 евра за прекршување на регулативите на ЕХФ.

Начевски може да поднесе нова жалба до Европскиот ракометен Суд за арбитража во рок од 21 ден.

- Реклама -