Словачкиот вицепремиер не сака да присуствува на затворањето на ОИ: Навреда за христијаните и дегенерирана декаденција

Словачкиот вицепремиер Томаш Тараба објави дека нема да ја претставува својата земја на церемонијата на затворање на Олимписките игри во Париз.

„Требаше да ја претставувам Словачка на затворањето, но за нормалниот свет оваа Олимпијада засекогаш ќе остане симбол на дегенеративната декаденција, која ја злоупотреби убавината на спортот и го претвори во прогресивен политички театар“, напиша словачкиот функционер.
„Затоа решив да не учествувам на затворањето.

Тараба исто така истакна дека Меѓународниот олимписки комитет сега ја отстранува „срамната“ церемонија на отворање од интернет.

„Навредите за христијанството и декаденцијата достигнаа такво ниво што го навредија целиот нормален свет, кој ја разбира разликата помеѓу културата и ѓубрето“, напиша тој на ФБ.

Прочитајте и:  Француска полиција: Саботажа е извршена во делови од државата врз мрежи со оптички кабли

Томас Жоли, уметничкиот директор на церемонијата тврди дека сакал да зборува за размичноста. „ Различноста значи да се биде заедно. Сакавме да ги вклучиме сите“, рече тој.

- Реклама -