ОВЕН
Денеска вашето расположение најмногу ќе зависи од тоа како се согласувате со другите и од нивниот однос кон вас. Ако во љубовниот живот сѐ е нормално, нема причина да не сте расположени. Не размислувајте премногу на денешниот ден, повеќе слушајте го своето срце.
БИК
Денеска лесно можете да одлучите дека вашата сакана личност не ве сака доволно или дека вашиот шеф не ве цени. За жал, насила не можете да добиете ништо, па подобро е да ги оставите луѓето околу вас на мира и да се обидете да се грижите за себеси. Може да се чувствувате повеќе напнати или дека страдате од несоница.
БЛИЗНАЦИ
Денеска не се обидувајте да го вратите минатото, бидејќи на тој начин ќе се лишите од добрата можност за промени и напредок. Денешниот ден означува нов почеток за вас, затоа гледајте само напред и мечтаејте наместо да жалите за старото. Можеби ви недостига тонус, затоа не ја трошете попусто вашата енергија.
РАК
Денеска ќе ви користи ако одморите и поминувате повеќе време дома, сами или во друштво со вашите најблиски. Веројатно нема да имате енергија, затоа не се терајте да се вклучите во активности кои бараат повеќе напор.
ЛАВ
Одвојте малку повеќе време за себе денеска. Одморајте се повеќе, грижете се за себеси и смирете се, особено ако сте биле позафатени во последно време. Разговорот со пријател ќе ви донесе добро, ќе бидете освежени и расеани.
ДЕВИЦА
Доколку денеска се чувствувате инспирирани од некоја можност или идеја, не си ставајте самите кочници со изговор дека ништо не функционирало во минатото, сега условите се поинакви и постои реална шанса за брз напредок.
ВАГА
Ако денеска се чувствувате очајно или депресивно, бидете извесно време сами и грижете се за себеси. Не им го припишувајте тоа на луѓето од вашете опкружување, тоа не е нивна вина. Заштедете ја својата сила и енергија, ќе ви треба во наредните денови.
ШКОРПИЈА
Денеска ќе имате одлична можност да се опуштите и да уживате во животот без непотребни грижи и проблеми. Дури и ако се појават такви мисли, едноставно само проследете ги, токму сега немате причина да се грижите. Денот е многу погоден за да се ослободите од нешто непотребно.
СТРЕЛЕЦ
Денеска вашето расположение можеби нема да биде добро како што би сакале, но не грижете се, тоа ќе биде за кратко. Доколку денеска се концентрирате на некоја долгорочна цел, постои шанса во наредните денови да напредувате на тоа поле.
ЈАРЕЦ
Денеска ќе бидете прилично задлабочени во себе, па има голема веројатност дела ќе го претпочитате сопственото друштво отколку друштвото со пријателите и познаниците. Вашето расположение може да се промени, да бидете дезориентирани или да ви недостига енергија, тоа не треба да ве загрижува, бидејќи влијанието брзо ќе помине.
ВОДОЛИЈА
Денешниот ден ќе биде одлучувачки за развојот на настаните во текот на целиот месец, па обидете се да гледате позитивно на сѐ што се случува и да го одржите вашиот ентузијазам. Доколку сакате да започнете нешто ново, можете сериозно да размислите за вашата идеја и да започнете во наредните денови.
РИБИ
Денешниот ден е многу погоден за израмнување на сметките. Одвојте малку време за да размислите како поминал изминатиот месец за вас, не за да бидете носталгични, туку да процените дали сте задоволни со она што сте го постигнале. Вашите чувства ќе ви ја покажат вистината за тоа дали сте на вистинскиот пат или ги следите туѓите стандарди за среќа.