Словенија ја изненади Хрватска, очекувани победи на Германија и Данска на ОИ


Во второто коло од групата А на олимпискиот турнир во Париз, хрватската ракометна репрезентација беше поразена од селекцијата на Словенија со резултат 31:29.

Словенија заслужено ја оствари првата победа на Олимписките игри на крилата на Алекс Влах и Блаж Јанац.

Споменатиот двоец беше најзаслужен за победата на Словенија со по осум гола, а Тилен Кодрин, Борут Мачковшек и Домен Новак додадоа по три. Клемен Ферлин имаше осум одбрани, а Урбан Лесјак пет.

Кај Хрватска најдобри беа Марио Шоштариќ, Звонимир Срна и Иван Мартиновиќ со по пет гола, додека Тин Лука мечот го заврши со четири гола. Доминик Кузмановиќ имаше десет одбрани.

Ракометната селекција на Германија забележа уште една победа на олимпискиот турнир. Во рамките од второто коло од групата А, беше совладана Јапонија со убедливи 37:26.

Со своите седум гола во првото полувреме, Ушчинс беше најдобар поединец на натпреварот, а Кнор заврши со шест погодоци. За Јапонија, шест гола запиша Фујикаса.

Ракометната репрезентација на Данска стигна до втората победа на Летните олимписки игри во Париз откако ја потврди фавортската улога во средбата против Египет славејќи со 27-30.

Данска оваа победа ја доближи до едно од првите четири места во групната фаза во која се наоѓаат уште Норвешка, Унгарија, Аргентина и Франција.

- Реклама -