![](https://365.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/svedska-spanija.jpg)
Ракометарите на Шведска триумфираа против Шпанија со 29-26 (11-11), во второто коло во групата А на Олимписките игри.
Најефикасен играч на натпреварот беше Фернандез со седум реализации, додека кај Шведска се истакнаа Пелас, Карлсон и Бергендал со по пет. Тобијас Тулин со петнаесет интервенции беше нерешлива енигма за „црвената фурија“.