Надал по поразот од Ѓоковиќ: Немам нозе како пред 15 години, вака не можам против најдобриот во историјата


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал загуби од српскиот ас Новак Ѓоковиќ во второто коло на Олимписките игри во Париз.

На својот омилен терен, стадионот Филип Шатрие, Надал беше подреден во поголемиот дел од натпреварот и на крајот излезе поразен со 6:1, 6:4.

-Едниот играч беше многу подобар од другиот и мора да го прифатите тоа. Околу еден час беше тешко да се надмине се што се случуваше, но јас го направив тоа. Се обидов да имам правилен став и менталитет да го прифатам тоа бидејќи знаев дека има шанси мечот да помине така, изјави Надал, а пренесува „Марка“.

Потоа прецизираше каде е проблемот во играта и зошто само накратко ја врати надежта во вториот сет за пресврт.

-Не можев да играм на нивото што ми требаше, а тој не ми даваше многу шанса. Не го одиграв квалитетот на играта за да му направам проблеми. Во тој момент, јасно е дека ги немам ни нозете што ги имав пред 15 години. Значи, без квалитетот на играта и нозете што ги имав пред 15 години, не можам да му направам проблеми на најдобриот во историјата, нели, праша Надал.

Тој едноставно додаде дека не е на неговото препознатливо ниво.

- Реклама -