Пливачот Адам Пити е позитивен на коронавирус


Трикратниот олимписки шампион во пливање Адам Пити беше позитивен на коронавирус за време на Игрите во Париз. Ова го објави новинарот на весникот „Тајмс“, Мет Лотон на својата страница на социјалната мрежа Икс.

Пити освои сребрен медал во финалето на 100 метри градно и по трката откри дека се чувствувал лошо пред почетокот, но не сакал да се оправдува за тоа.

Британецот бркаше трета последователна олимписка титула на 100 метри градно, но беше поразен од Италијанецот Николо Мартингети и не успеа да се израмни со постигнувањето на Мајкл Фелпс, кој е единствениот пливач со три последователни олимписки златни медали во иста дисциплина.

Пити е осумкратен светски шампион и има 16 златни медали од европските првенства

- Реклама -