Леброн Џејмс се впиша во олимписката историја на САД


Кошаркарот на американската репрезентација и еден од најтрофехјните НБА франшизи – Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, влезе во историјата на олимписките игри како најстариот американски кошаркар кој играл на Олимписките игри.

Џејмс со наполнети 39 години беше дел од селекцијата на САД на мечот против Србија. Претходно овој рекорд го држеше Лери Бирд кој во 1992 година на Олимписките игри во Барселона играше на 35-годишна возраст.

Ова се четврти олимписки игри за Џејмс кој веќе има бронза во 2004 година како и златен медал во 2008 и 2012 година.

- Реклама -