Анастасија Мојсовска го заврши настапот на Олимписките игри во Париз


Анастасија Мојсовска го заврши настапот на Летните олимписките игри во Париз.

Во дебито на Игрите, македонската стрелачка Мојсовска настапи во дисциплината воздушна пушка од 10 метри. Во квалификациската рунда, Анастасија по шестте серии имаше вкупен резултат од 625.3 погодени кругови. Нејзиниот најдобар резултат останува 628.8 кругови.

Тој резултат ја рангира на 31.место во конкуренција на 43 натпреварувачки. За жал, не беше доволен да обезбеди место во финалето, кое и избега за 6 круга.

За македонските олимпијци, следниот настап е во вторник (30 јули), кога џудистот Еди Шерифовски ќе настапи во категоријата до 81 килограм.

- Реклама -