Фудбалските репрезентации на Шпанија и Јапонија обезбедија пласман во четвртфиналето на фудбалскиот олимписки турнир во Париз, Франција е на чекор до пласман, додека во групата Б има вистинска драма.
Во групата Ц, Шпанија обезбеди пласман во четвртфиналето откако ја совлада Доминиканската Република со 3:1 и ја забележа втората победа. Откако во првото коло го совлада Узбекистан со 2:1, „Фуријата“ во мечот од второто коло победи ја впиша втората победа во групната фаза
Шпанија поведе во 24. минута со голот на Фермин Лопез, но Анхел Монтес Де Ока израмни во 38. минута. Можеби клучниот момент на натпреварот се случи во судиското надополнување кога Едисон Азкона беше исклучен, а Доминиканците останаа со играч помалку. Шпанија ја искористи предноста од играч повеќе во 55. минута кога Алекс Баена погоди за 2:1, а на 3:1 зголеми Мигел Гутиерез во 70. минута.
Во вториот натпревар од оваа група Египет го совлада Узбекистан со 1:0, а решавачкиот гол го постигна Ахмед Кука во 11. минута.
На табелата води Шпанија со шест бодови, Египет има четири, Доминиканската Република еден, а Узбекистан е на нула и нема шанси за пласман во четвртфиналето. Во последното коло за првото место ќе играат Шпанија и Египет, додека во вториот меч ќе се сретнат Доминиканска Република и Узбекистан.
Во групата Д и Јапонија ја забележа втората победа совладувајќи го Мали со 1:0 и по две кола има шест бода. Решавачкиот гол го постигна Рихито Јамамото во 82. минута. Мали имаше шанса да израмни во шестата минута од судиското надополнување, но Чеична Думби не го реализираше пеналот. Напаѓачот на Ал Ахли шутираше покрај голот.
Во вториот натпревар Парагвај го совлада Израел со 4:2. Победникот беше решен во судиското надополнување кога Фабијан Балбуена (90+3) и Марсело Фернандез (90+6) постигнаа голови за славје на Парагвај.
Во оваа група Јапонија води со шест бода, Парагвај има три, а Израел и Мали имаат по еден бод.
На чекор до четвртфиналето е домаќинот Франција, која победи со 1:0 против Гвинеја во Ница и води на табелата со шест бода. Победата за „Триколорите“ им ја донесе дефанзивецот на Фрајбург, Килијан Силдилија во 75. минута.
Во вториот натпревар од оваа група САД го победија Нов Зеланд со 4:1 и ги освои првите бодови. На табелата води Франција со шест бодови, а САД и Нов Зеланд имаат по три бода.
Во групата Б, Украина го победи Мароко со 2:1, а бидејќи Аргентина беше подобра од Ирак со 3:1, сите четири репрезентации имаат три бода пред последното коло.
По шокантниот пораз од Мароко во средбата во првото коло, двократните олимписки победници (2004, 2008) немаа право на грешка против Ирак. На крајот победија со 3:1 и со оваа победа останаа во игра за осминафинале. Тиаго Алмада ја доведе Аргентина во водство во 13. минута, но Ајман Хусеин израмни во четвртата минута од судиското надополнување. Во продолжението од мечот победа на Аргентина и донесоа Лучијано Гонду (62) и Игнасио Фернандез (85).
Украина славеше против Мароко, иако од 63. минута играше со играч помалку. Украинците дојдоа во водство во 21. минута со голот на Дмитри Крискив, но во 63. минута по исклучувањето на Володимир Саљук, кој направи пенал на Суфиане Рахими. Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Игор Краснопир погоди во осмата минута од судиското надополнување за победа на Украина.
По две кола, сите четири селекции имаат по три бода, а во последното коло на 30 јули ќе се сретнат Аргентина и Украина, како и Ирак и Мароко.