Формула 1: Леклер најбрз во квалификациите за Големата награда на Белгија


Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, беше најбрз на денешните квалификации за Формула 1 трката за Големата награда на Белгија, но поради казната ќе стартува од 11 место, додека Шарл Леклер од Ферари ќе ја започне трката од првата позиција.

Трикратниот последователен шампион постигна резултат 1:53.159 минути на дожд на патеката Спа Франкоршан.

Тој беше казнет со додавање на 10 позиции во поредокот откако неговиот тим го промени моторот во неговиот болид по петти пат пред тренингот во петокот.

Леклер беше втор во квалификациите, што значи дека ќе стартува од првото место, додека возачот на Ред Бул Серхио Перез ќе стартува од втората позиција. Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Мерцедес ќе стартува трет, а по него се возачите на Мекларен Ландо Норис и Оскар Пјастри.

Возачот на Мерцедес Џорџ Расел ќе ја започне трката од шестото место, Карлос Саинц од Ферари од седмото, а Фернандо Алонсо од Астон Мартин од осмото место.

Возачот на Алпин Естебан Окон ќе ја започне трката од деветтото место, Алекс Албон од Вилијамс од 10 место и актуелниот шампион Верстапен од 11 позиција.

Трката за Големата награда на Белгија ќе се вози во недела од 15.00 часот.

- Реклама -