ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82


Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ја коментираше ситуацијата со превртеното знаме на отворањето на Игрите во 2024 година.

Олимпиското знаме беше обесено наопаку за време на отворањето на Олимпијадата во Париз.

Знамето беше неправилно закачено на јарболот, поради што се издигна со два круга нагоре, а не како во класичната верзија со три.

-Жалиме за овој инцидент. Сè може да се случи за време на организацијата. Продолжуваме да одиме напред, ова не е крај на светот, изјави Марк Адамс – директорот за комуникации на ИОК.

Игрите во Париз ќе траат до 11 август.

- Реклама -