Поранешниот шпански кошаркарски репрезентативец Серж Ибака дојде во Реал Мадрид, официјално соопшти клубот и потпиша едногодишен договор.
Ова ќе биде враќање на Ибака во Реал, за кој одигра шест натпревари во Евролигата во сезоната 2010/11, додека во НБА трѐеше „локаутот“.
Во Реал Ибака доаѓа од Баерн Минхен, каде што играше минатата и оваа година. Како играч на Баерн, Ибака минатата сезона имаше просек од 12,6 поени по натпревар со 6,8 скока и 1,2 блокади.
Со Шпанија 35-годишниот крилен центар освои олимписко сребро на Игрите во Лондон во 2012 година, додека беше светски шампион во Литванија во 2011 година. Ибака беше и НБА шампион, како член на Торонто во 2019 година.
Најдолго играше за Оклахома Сити Тандер во НБА, од 2009 до 2016 година, а покрај Торонто го носеше и дресот на Орландо, Лос Анџелес Клиперс, Милвоки.