Четириесет ишестгодишниот Јорданеску имаше договор со романскиот фудбалски сојуз до крајот на овој месец и реши да не го продолжи и покрај солидниот резултат на неодамнешното ЕУРО во Германија, каде Романија го освои првото место во групата, а потоа беше елиминирана во осминафиналето од Холандија.
„Мојата мисија е завршена“, објави Јорданеску, додавајќи дека сака да поминува повеќе време со семејството.
Јорданеску ја водеше Романија од почетокот на 2022 година, а на 28 натпревари оствари учинок од 10 победи, 10 нерешени и 8 порази.