Израелската делегација ќе има 24-часовно обезбедување за време на престојот на Олимпијадата во Париз, почнувајќи од петок, најави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен.
Поради веќе деветмесечната израелската воена операцакција во Појасот Газа, која резултираше со смрт на десетици илјади Палестинци, претставникот на ултралевичарскиот пратеник во францускиот парламент, Тома Портес, рече дека израелските спортисти не се добредојдени во Франција и дека треба да има протести против нивното учество, а неговите зборови наидоа на гласно одобрување.
Сопартиецот на Портес, Мануел Бомпар, преку социјалната мрежа Х напиша дека израелските спортисти ќе мора да настапуваат без национални симболи поради интервенцијата во Газа, исто како и руските и белоруските поради војната во Украина.
„Со оглед на постојаното кршење на меѓународното право од страна на израелската влада, легитимно е да се бара израелските спортисти да се натпреваруваат под неутрално знаме на Олимпијадата“, напиша Бомпар.
Ќе бидат преземени и големи безбедносни мерки за израелската делегација на Игрите со цел да се спречи масакрот во Минхен во 1972 година, кога во напад на палестинските милитанти беа убиени 11 израелски спортисти.