Реал Мадрид сака да купи уште еден германски репрезентативец


Европскиоти шпански фудбалски првак Реал Мадрид се интересира за дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек,  објави германски “Билд”.

Шлотербек дојде во Борусија Дортмунд од Фрајбург во 2022 година за 20 милиони евра. Тој има договор до 2027 година, а моментно неговата цена е околу 40 милиони евра.

Дефанзивецот е и репрезентативец на Германија со 14 одиграни натпревари, а беше дел од тимот и на изминатото ЕВРО 2024.

- Реклама -