РК Вардар ги доби противници во Лигата на Европа


Македонскиот ракометен клуб Вардар ги доби противниците во групата за второто по ранг европско натпреварување Лигата на Европа на ЕХФ.

„Црвено-црните“ ќе бидат во групата „Ф“ каде што ќе играат против Порто, подобриот од бундеслигашката пресметка помеѓу Мелсунген и Елверум и подобриот од дуелот на исландскиот Валур и Спачва Винковци од Хрватска.

Првото коло во групната фаза е закажано за 8. октомври. Првите две екипи од секоја група патуваат во следната фаза.

Вардарци и минатата сезона беа дел од Европската лига, но тогаш не успеаја да ги минат квалификациите и беа елиминирани од германскиот гигант Рајн Некар Левен

- Реклама -