„Влен“: Укинувањето на економските директори беше предизборно ветување и ќе се спроведе

Пратеничката на Коалицијата „Влен“, Саранда Имери Стафаи на денешната прес-конференција истакна дека укинувањето на економските директори од клиниките беше предизборно ветување и ќе се спроведе.

-Укинувањето на економските директори беше и предизборно ветување и ќе се спроведе за да се врши работата без пречки. Не дозволуваме партиски активисти да се вработат на позиции на товар на џебот на граѓаните. Но се посветуваме на поефикасни услуги за граѓаните и пациентите. ДУИ се обидува да го заштити криминалот на своите директори кои ќе излезат од вонредните ревизии што ги најавуваме. Беа на власт и не знам зошто не ги регулираа нивните позиции и статусот на вработените, туку ги искористија за купување на гласови и сега леат крокодилски солзи, рече Имери Стафаи по обвинувањата на „Европскиот фронт“ дека министерот Арбен Таравари врши психолошки и институционален притисок до ниво на закани врз организациските директори, но и медицинските директори на клиниките иако имаат мандат, да се повлечат од функцијата.

Пратеничката одговарајќи на новинарско прашање нагласи дека нема основ за автентично толкување на Рамковниот охридски договор.

-Ова е наратив е на „Европскиот фронт“, на секоја прес-конференција се занимаваат со оваа прашање. Тие ова го прават за нивните дневни политики. Ние продолжуваме со нашата работа како коалиција и во соработка со Владата. Нема основ за автентично толкување на Рамковниот договор, рече таа и додаде дека Рамковниот договор не е загрозен.

Прочитајте и:  Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се хистерични

Пратеничката нагласи дека со ребалансот на буџетот, во албанските општини ќе бидат инвестирани 30 милиони евра.

-Оваа инвестиција е важен чекор за подобрување на инфраструктурата, јавните услуги и квалитетот на животот на граѓаните. Оваа финансиска програма ќе вклучува различни развојни проекти насочени кон подобрување на патната инфраструктура, изградба и одржување на патишта за да се олесни циркулацијата и поврзувањето меѓу општините, зголемување на квалитетот на образованието, инвестиции во училишта, обука на наставниците за да се гарантира квалитетно образование за младите, подобрување на здравствените услуги, опремување на болниците и здравствените домови со модерна технологија и зголемување на капацитетите за напредни здравствени услуги, економски развој, поддршка за локални бизниси и нови економски иницијативи за стимулирање на создавање работни места и економски развој на регионот, заштита на животната средина, проекти за зачувување и заштита на животната средина за да се гарантира одржлива иднина за идните генерации, рече Имери Стафаи.

- Реклама -