ДУИ: Разочарувачка е одлуката на Влада да ја укине претходната одлука за изградба на патната оска Гостивар-Букојчан

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) го изразува своето длабоко разочарување за одлуката на актуелната Влада да ја укине претходната одлука за изградба на патната оска Гостивар-Букојчан, која е дел од Коридорот 8, преку изградбата на тунелот што го поврзува Гостивар со Кичево наместо изградба на висинскиот автопат.

Сакаме да нагласиме дека одлуката што ја изгласа претходната Влада предвидуваше проектирање и изградба на тунел во должина од 5 километри на автопатот Гостивар-Букојчан, кој е дел од Коридорот 8.

Ваквата одлука е донесена по завршувањето на сите геомеханички анализи и истражувања за избор на најдобрата варијанта за изградба на оваа патна оска, која е побрза и побезбедна за развој на сообраќајот, а воедно и поекономична за одржување .

Со оваа одлука се решаваат проблемите при изградбата на овој дел од автопатот бидејќи во спротивно ќе има проблеми кои би го продолжиле времето и трошоците за изградба, проблеми кои се евидентни во реализацијата на проектите започнати во изминатиот период.

Прочитајте и:  Мицкоски: Состојбата е алармантна, направиле Буџет за шест месеци и се труделе што повеќе проблеми да и остават на новата Влада... истражните органи ќе имаат многу работа

Како и обично, на албанците без легитимитетот на албанскиот народ во моноетничката Влада не беа ниту слушнати и игнорирани кога се поткопува најголемиот и најважниот проект на државата.

ДУИ потенцираа дека изградбата на Коридорот 8 е од клучно значење за поврзувањето на Северна Македонија со соседните земји и за подобрување на патната инфраструктура што позитивно ќе влијае на трговијата и слободното движење на граѓаните и стоките.

Сметаме дека оваа одлука е чекор назад во нашите напори за подобрување на инфраструктурата и зајакнување на стратешката позиција на нашата земја во регионот.

Оваа погрешна одлука треба веднаш да се преиспита заедно со стратешкиот партнер и да се преземат мерки за продолжување со реализацијата на овој важен проект.

Демократска Унија за Интеграција

- Реклама -